Теа Дент

Во служба на вашето дентално здравје

  • Превенција
    Со правилна грижа до здрави заби
  • Дијагноза
    Навремено откривање на болести на забите
  • Третман
    Напредни стоматолошки третмани во модерни услови

За Нас

Комплетна грижа за Вашето дентално здравје

 
 

Здравата и убава насмевка е одраз на Вашата грижа кон сопственото здравје и изглед. Со таквата насмевка чекорите поатрактивни и посамоуверени во секојдневниот живот.

Забите имаат многу важно место во перцепцијата на естетиката на лицето и личноста во целина при што најмногу се видливи горните предни заби.

 

Грдите, расипани и оштетени заби даваат искривена слика за личноста.

Добрата хигиена на забите не го чува само здравјето на забите и целата усна шуплина туку и здравјето на другите органи како срцето,
артериско-венскиот систем, бубрезите и зглобовите, а сигурно е
поевтина метода во споредба со било кое лечење.

 

Стоматолошката ординација Теа Дент нуди најнапредни стоматолошки третмани во модерни услови кои нудат комфор и уживање.

Ние ќе работиме со Вас за да создадеме совршен план за Вашата дентална хигиена кој вклучува дентален преглед, правилно чистење на забите, заштита на нивната обвивка и употреба на друга дијагностичка опрема за превенција, откривање и третман на проблемите во најрана фаза.

Редовните контроли и одржувањето на здравјето на забите се превенција за развој на сериозни проблеми со забите кои бараат скапи третмани.

Препорачливо е да се посетува стоматолог редовно, односно барем еднаш на шест месеци, за да се осигура правилна орална хигиена и фунционалност.

Ако редовно нè посетувате и бидете претпазливи, ќе уживате
во исклучителното дентално здравје.

Брендови

Внимателно избрани, квалитетни материјали кои ги користиме за пломби и протетика